Божиќните празнувања во Бигорски почнуваат од утре
Божикните празнувања во Бигорскиот манастир почнуваат од утре наутро, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител, информираа од овој мнастир. Оттаму ги покануваат сите верници кои имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово да дојдат во манастирот.
- Утре во 7.30 часот ќе биде отслужена Божествена литургија во спомен на Светиот отец наш Наум Охридски, додека во 16 часот почнува вечерната богослужба. Во понеделник во 6.30 часот ќе биде отслужена утрена богослужба, еден час подоцна, царски часови за Рождество Христово, а во 9.30 часот, голема вечерна богослужба со Света Василиева литургија, информираа од Бигорскиот манастир.
Во предвечерието на големиот празник, од 18 до 19:30 часот, ќе има Бадникова закуска со пеење на божикни каланди.
- Во 21 часот почнува сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово, големо повечерие со литиски и стиховни, утрена и Божествена Василева литургија, со којашто ќе чиноначалствува владиката Партениј. На божикните празнични богослужби можат да присуствуваат сите коишто имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во нашата свештена Обител, заедно со монашкото братство, нагласуваат од Бигорски.
Ново на Сител
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно
-
СДСМ: За хаосот на онкологија целата одговорност е кај власта
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата