Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх

По повод празникот Рождество Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати божиќна честитка која ви ја пренесуваме во целост:
„И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот“ (Иван 1,14). Божјото Слово доаѓа меѓу нас во облик на човек, како дете родено од жена. „Дојде кај Своите, но Своите не Го примија. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име - им даде моќ да станат чеда Божји“ (Иван 1,11-12).
Синот Божји лежи во јасли, неразделно вистински Бог и вистински човек во единство на Неговата божествена Личност. Ова е нашата вера. Без оваа вера, Божик не би бил ништо повеќе од она што потрошувачкиот менталитет сака да ни го подметне, сезонски празник, како што некои сакаат да ни го наметнат својот израз на неверие.
Зошто Синот Божји доаѓа кај нас да живее меѓу нас како сиромашно и беспомошно дете? Тој доаѓа кај нас со празни раце, но ни се дава Себеси, највисокото и најважното нешто што можел да ни го даде. Во него е вклучено сè што ни треба. Бидејќи во него Бог живее во сета своја полнота. Кога го примаме, имаме сè што ни треба и го имаме во изобилство. Зашто тој е светлината што ја растерува темнината во светот. Тој е нашиот мир. Тој е вистината што нè ослободува. Тој е лебот на животот. Кој јаде од овој леб, кој во својот живот го прима Христос, вечното Слово на Отецот, тој прима живот.
Тој самиот ќе каже за себе, кога ќе порасне и ќе го даде својот живот како откуп за мнозина, дека тој е воскресението и животот. Едноставно кажано, тој е повеќе од целата среќа на светот. Зашто тој е Љубов, која сама нè прави благословени и ни дава живот. Сè што копнееме ни е дадено во ова дете.
На сите им посакувам среќен Божиќ и благословена Нова година! Христос се роди!
+ Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
