Божествена литургија на врвот на Крчин
Дел од монашкото братство на Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица и Пречиста, во присуство на поголем број верници, отслужија боженствена литургија на врвот Голем Крчин, на надморска височина од 2.341 метар.
На ова место, некогаш имало храм посветен на Преображението Господово, а денес стојат само остатоци од него.
На врвот Крчин, лани, првпат по 80 години, беше отслужена литургија во чест на Господовото Преображение.
- Но за разлика од минатата година, овој пат ни се придружија многу повеќе љубители на преображенската благодат и на природните Божји убавини. Божествените и природните височини се чудесен спој на радост, мир, љубов и преобразување, посочуваат од бигорската обител.
Тие се надеваат дека овој убав потфат ќе остане како традиција, со што поголем број учесници секоја година.
Врвот Голем Крчин е највисокиот врв на планината Крчин во дебарскиот крај на западна Македонија. Крчин се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ