Loading Video...
Кошарка
9. јуни 2022 - 11:20

Бостон победа со 2-1 во финалето против Голден Стејт

 
Екипата на Бостон го доби третиот дуел против Голден Стејт во големото финале на НБА плајофот.  
 
„Селтикси“ пред своите навивачи во Бостин ги совладаа „Воините“  116-100 и поведоа со 2-1  во победи во финалната серија што се игра до четири добиени натпревари.
 
На гостите од Сан Франциско не им помогнаа нити 31 поен на Стеф Кари како и 25-те на Клеј Томсон да го избегнат поразот, бидејќи во победничката екипа петмина кошаркари имаа двоцифрен број на поени. Браун постигна 27, Тејтјум еден помалку, а Смарт додаде 24 поени. 
 
И следниот натпревар ќе се игра во „Бостон Гарден“ и тоа во сабота наутро во 3 часот.