Балкан
18. August 2023 - 19:39

Босанецот кој убил три лица на пренос во живо оваа недела планирал да се ожени со друга жена

35 годишниот маж кој на 11 август во БиХ ја уби девојката и уште две лица, а потоа се самоуби, Нермин Сулејмановиќ, на 16 август планирал да се ожени со друга жена и да замине во Германија каде што сакал да отвори теретана.

Оваа информација за „Аваз.ба“ неофицијално ја потврдиле од полициските кругови во земјата. Избраничката на Сулејмановиќ, како што се наведува, е од германски град.

Истрагата покажала дека тој по венчавката планирал да замине во Германија.