Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кој е во посета на Софија, се сретна со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој му се заблагодари на унгарскиот премиер за помошта за Бугарија да стане полноправна членка на Шенген зоната.
Од Балканскиот поток Бугарија заработува милиони-милијарди. Од гасоводот заработуваат и Србите и Унгарците и Македонците, како и Турција. Со други зборови, Балкански поток, кој многумина сакаа да го урнат е гасовод на пријателството, наведе Борисов.
Додека Орбан наведе дека се надева оти Борисов ќе ја стабилизира ситуацијата во Бугарија, што ќе биде добро како за Унгарија, така и за ЕУ, како и за бугарскиот народ да има стабилна влада во Софија.
– Бугарија ја има клучната улога во енергетската безбедност на нашата земја, посочи Орбан, додавајќи оти приближно седум милијарди кубни метри гас се доставуваат од Бугарија во Унгарија.
Орбан претходно имаше средба со бугарскиот претседател Румен Радев.
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното