Македонија
19. March 2016 - 14:26

Борче Марковски почесен конзул на Белорусија во Македонија

Борче Марковски, бизнисмен од Битола, е избран за почесен конзул во првиот конзулат на Белорусија во Република Македонија.

Седиштето на Почесниот белоруски конзулат е во Скопје, а на првиот ден од почетокот на работата на конзулатот учествуваа нерезидентниот амбасадор на Белорусија со седиште во Белград задолжен за Србија, Црна Гора и Македонија, Владимир Чушев, заменик министерката во македонската Влада Драгана Кипријановска, амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак, како и претставници на јавни и приватни институции.

- Во овој важен настан во историјата на билатералните односи меѓу Белорусија и Македонија ќе дадам се што е во моја моќ за развој на белоруско-македонската економска соработка и проширување на деловните контакти. Соработувам со Белорусија, а сега заедно ќе чекориме во зацврстување на партнерските односи и врски, истакна Марковски.

Белорусија има воспоставено дипломатски односи со 174 држави во светот, а за прв пат по 23 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Република Македонија, отвори и Почесен конзулат, а седиштето на Амбасадата е во Белград.