Борба за живот: Самохрана мајка, а проститутка, се породила па за половина час отишла да работи на улица
Проститука од Хул, град на северот од Англија се вратила на улица и го продавала своето тело само половина час откако родила бебе.
Овој случај во јавност го изнесе полицајка која веќе цела деценија им помага на несреќните жени кои заработуваат за живот на Хезел роуд, место во Хул каде обично стојат проститутки.
Иако многумина се прашуваат како воопшто можела да стои, а камоли да работи, примерот на оваа проститутка е само еден показател со какви, за нас незамисливи, притисоци се борат и колку се очајни.
-Многу од овие жени потекнуваат од семејства во кои биле злоставувани, и физички и сексуално, објасни полицајката Џеки Фербенкс.
-Насилството во нивните животи станува вообичаено, а мнгоу од нив се и бездомници, додаде таа.
Голем број од нив боледуваат од ментални тегоби, а тука е уште и проблемот со белото робје.
Најголем проблем сепак е дрогата. Многу од нив се на улица само за да заработата за својот или за следниот фикс на својот партнер.
-Некои од нив дури не ја прифаќаат нашата помош мислејќи дека таа ќе стигне од нивните клиенти. За жал, овде нема ништо налик на филмот „Убава жена“. Тешко дека било кој од богатите клиенти ќе им помогне да се извлечат од ова, заклучи Фербенкс.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен