Бонус од 200 до 600 евра месечно за грчките лекари кои ќе работат во проблематични или непопуларни подрачја
Финансиска стимулации за привлекување и задржување на лекарите во т.н. проблематични или непопуларни подрачја, воведува грчката Влада, а бонусот ќе биде меѓу 200 и 600 евра месечно, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи соопшти дека веќе е потпишана конкретната министерска одлука, објаснувајќи дека „новиот додаток, во зависност од категоријата на областа каде лекарот ќе работи, започнува од 200 евра и за конкретни специјалности може да достигне и до 600 евра месечно“ и истакнувајќи дека ќе продолжат практично да го поддржуваат националниот здравствен систем.
Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис ја објави одлуката што ја потпишал заедно со министерот за национална економија и финансии, а која предвидува поделба на проблематичните регионите во две категории, а вклучени болници и здравствени центри од цела Грција, како и мали и оддалечени острови.
Поради ниските плати, честа појава во Грција е лекарите да го напуштаат државниот здравствен систем.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели