Фудбал
29. October 2024 - 8:58

Бонмати ја освои „Златната топка“ кај дамите

Фудбалерката на Барселона и шпанска репрезентативка, 26-годишната Аитана Бонмати, втора година по ред ја добива „Златната топка“ во женска конкуренција. 

Наградата е сосема заслужена бидејќи беше најдобра фудбалерка на Барса во сезоната во која Каталонките на доминантен начин ја освоија Лигата на шампионите и сите три трофеи во Шпанија - првенство, Куп и Суперкуп. 

Таа го освои и трофејот од Лигата на нациите со репрезентацијата на нејзината земја.