-->
-->
Болт ќе трча во Рио
-->
Шесткратниот олимписки шампион Јусеин Болт ќе биде во составот на репрезентацијата на Јамајка на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Олимпискиот комитет на Јамајка соопшти дека Болт ќе се натпреварува во трките на 100, 200 и 4x100 метри.
Јусеин Болт (29) се повреди на изборниот шампионат на Јамајка, кој се одржа на 2.јули. Лекарските прегледи покажале дека повредата не е сериозна и дека тој ќе се рехабилитира за десетина дена.
Инаку, во Јамајка за разлика од САД, атлетичарот може да биде повикан во репрезентацијата иако претходно не го минал изборното првенство. Во САД, на големите натпреварувања (ОИ и СП-а) одат само оние атлетичари кои на националниот шампионат ќе ја исполнат нормата.
Јусеин Болт е светски рекордер на 100 (9,58 секунди) и на 200 метри (19,19 секунди).
Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се одржуваат од 5. до 21.август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива