Боки 13 откри дека има рак на желудник, вербално ја нападна Рускоска на судењето за "Рекет"
Снимки од безбедносните камери од домот на Орце Камчев, како докази на обвинителството, денеска се прикажуваат на продожението на судењето за "Рекет".
На видео материјалот од неколку камери е снимено пристигнувањето на обвинетите Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец во домот на Камчев. За нешто повеќе од половина час, на снимките се гледа како го напуштаат домот со поголема торба "Луј Витон".
Снимките и претходно и беа познати на јавноста, откако нив ги пласираше италијанскиот весник "Ла Верита".
Пред почетокот на судењето, Јовановски побара одложување на рочиштето поради болки во стомакот, но не го прифати предлогот на судијката да повика Брза помош.
Јовановски рече дека му е дијагностициран рак на желудникот, а брзата помош нема да му помогне. На почетокот на судењето Боки 13 и се обрати на обвинетелката Рускоска со зборовите "што се смееш на малигнозна сосотојба, да даде Господ да ти се врати" по што мораше да интервенира и судската полиција.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?
-
Социјалните работници ги нема во институциите