Македонија
20. February 2024 - 16:40

Бојмацлиев: ЕУ треба да донесе став дали ќе ги прима граѓаните со старите пасоши

Европската Унија сама треба да носи одлука дали земјите членки ќе дозволат македонските граѓани да влегуваат на нивна територија, ама со старите документи. Заменик министерот за внатрешни, Бојамцалиев вели дека и сега имало држави кои ги примаат граѓаните кои не стигнаа да ги променат личните документи, без да точно да наведе за кои држави станува збор.Top of Form

Граѓаните по речиси два месеца од фотографирањето чекаат да ги добијат личните документи со „северна“, поради немањето образци. И последната достава од 20 илјади наместо договорените 400 илјади, се наменети за оние кои побарале издаање на пасоши по итна постапка, за кои треба да се плати дури трипати поскапо.

На граничните премини нема поголема раздвиженост, поголем број на патници има во утринските часови, но без поголеми задржувања.Гужва нема ниту на пунктовите, бидејќи граѓаните добиваат известување кога да се појават за фотографирање.

Засега ниту ветената опција на интернет да се провери дали се готови документите, се уште не е достапна за граѓаните.