Богоев: Во наредните денови ќе видите дека имаме поголемо мнозинство
СДСМ има поголем потенцијал за коалицирање од ВМРО-ДПМНЕ, што беше и докажано во Собранието во четвртокот, истакна членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Тој нагласи дека иако навидум изгледа дека ситуацијата во Собранието е 60-60, сепак за брзо тоа ќе е поразлично.
Подаваме рака на сите пратеници кои размислуваат прогресивно и сакаат Македонија да е дел од НАТО, го поддржуваат Договорот од Преспа, сакаат преговори со ЕУ и немаат дилеми и алтернативи за тој курс, истакна Богоев, додавајќи дека во моментов е подадена рака, пред се на Алтернатива, но се разговара и со други пратеници.
За брзо ќе излеземе со постабилно и посериозно мнозинство од пред изборите и гласањето за недоверба на Владата, рече Богоев.
Богоев истакна дека е потребно да се внимава со изјавите во јавноста околу иднината на државата и на владата, со цел да се обезбеди сигурност и конзистентност како за граѓаните, така и за економијата.
Опозицијата убедуваше, дури и на неколку часа пред почетокот на седницата дека имаат обезбедено мнозинство. Се креираше слика во јавноста дека има некоја стабилна бројка и мнозинство за рушење на владата, што за среќа на граѓаните и државата се покажа како неточно, нагласи Богоев.
Тој додаде дека во оваа држава, мајстори за пазарење и контролирање пратеници се ВМРО-ДПМНЕ.
Се сеќаваме дека тие за време на Груевски ги тераа пратениците да потпишуваат меници на 600 илјади евра, додека опозициските пратеници беа исфрлани. Сега имам информација дека истото се случува и со советниците во неколку скопски општини и во внатрешноста, истакна Богоев.
Членот на ИО, Богоев, потсети дека одлуката дали ќе има предвремени или редови избори дефинираат 61 пратеник во Собранието, а не на список, со потпис на лист и тоа се покажа во четврокот.
До кога треба да продолжиме со дискусија дали има мнозинство, од страна на Мицкоски, Николовски, Милошоски, дали треба избори, а граѓаните имаат проблем со енергетска криза, со пандемијата, лани имавме избори, а во наредните денови ќе видите дека имаме поголемо мнозинство, порача членот на Извршниот одбор на СДСМ Стефан Богоев.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки