Бод за македонските футсалци против фаворит Романија
Македонските футсалци одиграа вечерва нерешено 2:2 во Скопје против Романија, освојувајќи го првиот бод во евроквалификациите со израмнувачкиот гол во завршните минути на капитенот Дарко Ранготов во неговиот јубилеен 100. настап во репрезентативниот дрес.
Романците, кои допатуваа во Скопје во улога на фаворити, ја имаа иницијативата во првото полувреме, но почетниот гол стигна на спротивната страна, откако Дандан во 12 минута од слободен удар и донесе водство на македонската репрезентација.
Водечкиот гол за момент донесе невнимание во редовите на македонската одбрана што Романците го искористија веќе во следниот напад израмнувајќи со автоголот на Адријан Мицевски.
Романија го сврте резултатот во своја корист во 31 минута со голот на Рибеиро, еден од четворицата Бразилци во гостинската репрезентација, но Македонците вратија на три минути пред крајот со голот на 36-годишниот Ранготов.
Во вториот натпревар од Групата 4 во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2022, БиХ ја совлада на гостински терен со 4:2 репрезентацијата на Србија, на која избраниците на Васил Скендеровски ќе и гостуваат на 5 март во Врање.
По две одиграни кола, БиХ води на табелата со шест бодови, Романците се второпласирани со два, а македонската и српската репрезентација имаат по еден бод.
Ново на Сител
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено