Бизнис
12. February 2017 - 16:24

Блокадата на границата кај Евзони ги зголеми транспортните трошоци за 30%

Блокираниот премин Евзони за 30 отсто ги зголеми  трошоците на траснпортерите.

Превозниците почнаа да ги пресметуваат загубите. Алтернативите  решенија Дојрани, Меџитлија и возењето преку Бугарија за нив не се исплатливи.

Неклку пати  напоменаа дека според Светската царинска организација за време на протест мора да се пропуштаат камионите кои носат храна, добиток, запаливи материи. 

Во моментов тоа не се почитува.  Но спогодбата не предвидува санкции туку само дава  препораки.

За целата состојба се огласија и од конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. Бараат државните иснитуции во Грција и Европската унија итно да превземе мерки за прекин на блокадите и нанесувањето на еконосмките штети врз Македонија.  

Вчера и од Европската комисија посочија дека ја следат состојбата на македонската граница.

Евзони  веќе две недели е блокиран. Од утре преку  Меџитлија во земјава ќе се дозволи и  влез на  цистерните со нафта и нафтени деривати од Грција.

До тогаш  преку прмеинот таму  можат да влегуваат само празни, а во Македонија нафтата се носи преку Бугарија.  Дојрани останува отворен за обична стока и патници, но не и за акцизна.  

Грчките земјоделци не успеаа да постигнат договор со  Владата. Остануваат на блокадите. За во вторник најавија голем протест во центарот на Атина.