Македонија
5. September 2019 - 18:12

Битолчанец прегази старица на крстосница во Битола

Вчера во 08.45 часот на крстосница од ул.„Партизанска“, „Тошо Даскало“ и „Стрчин“ во Битола, патничко моторно возило „ауди’’ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(39) од Битола удрило во С.Д.(62) од Битола.

Во незгодата, С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.