Бисерно-дијамантски приврзок на Марија-Антоанета продаден за 32 милиона долари
Сто парчиња накит кои ѝ припаѓале на француската кралица Марија-Антоанета, односно на семејството Бурбон-Парма беа продадени за 53,2 милиона долари на аукција на Сотби’с во Женева. Тоа е светски рекорд за кралска колекција накит.
Од нив, еден голем приврзок од бисери и дијаманти, како и десетина други предмети, ѝ припаѓале на Марија-Антоанета, сопруга на францускиот крал Луј Четиринаесетти. Првичната цена била три милиони долари, а крајната – 43 милиони.
Само приврзокот на крајот чинел речиси 36,5 милиони франци, износ речиси 20 пати повисок од првичната понуда. Наддавањето траело 10 минути, а купувачот претпочитал да остане анонимен.
Некои од скапоцените предмети не се видени во јавност над 200 години, откако кралот и кралицата во 1793 година беа убиени во Француската револуција.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата