Билансот на жртвите од пожарот во Португалија достигна 62, прогласена е тродневна жалост
Бројот на жртвите од пожарот што изби во централниот дел на Португалија, во Педрогау Гранде достигна до 62.
Во Португалија е прогласена тридневна жалост.
Најголемиот број од жртвите ги загубија нивните животи при обид да избегаат од опожареното подрачје.
Околу 600 пожарникари и 160 противпожарни возила од вчера попладне се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, која се прошири на неколку фронтови.
Португалскиот премиер Антонио Коста изјави дека ова е најголемата трагедија, што ја погодила Португалија изминатите години.
Тој изјави дека бројот на загинати може да се зголемува и оти приоритет е да се спасат сите оние кои се уште се наоѓаат во опасност.
Секретарот во Министерството за внатрешни работи, Хорхе Гомес изјави претходно дека 22 лица изгореле во своите автомобили, три лица се задушиле, а од 16 повредени, меѓу кои и петмина пожарникари, две лица се здобиле со тешки повреди.
Пожарот им се заканува на неколку населби во областа. Пожарот избувнал во близина на Педрогау Гранде, на околу 200 километри од главниот град Лисабон, вчера околу 15 часот по локално време (14 часот по Гринич).
Европската унија вложи напори во рамките на цивилната заштита, да и помогне на Португалија да се избори со шумскиот пожар.
Еврокомесарот за хуманитарни прашања Христос Стилијанидес изрази сочувство за жртвите.
Тој наведе дека „ЕУ во целост е подготвена да помогне“.
Стилијанидес посочи дека по барање на Португалија, Шпанија и Франција испратиле авиони со цел да помогнат во гаснењето на пожарот.
- Силно сум погоден од трагедијата што се случи во Педрогау Гранде, граѓаните на Португалија можат да сметаат на нашата солидарност, поддршка и грижа, наведе на неговиот Твитер налог шпанскиот премиер Маријано Рахој.
Португалските власти соопштија дека се уште се истражува што го предизвикало пожарот, но се претпоставува дека причината се високите температури во земјата.
Температурите во многу области на Португалија се искачија над 40 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден