Бијонсе и Џеј Зи ја прославија годишнината на уникатен начин, погледнете како и каде
Бијонсе и Џеј Зи ја прославија својата 10-та годишнина од свадбата со приватна вечера на покрив на зграда во центарот на Лос Анџелес.
Минатиот месец фановите шпекулираа дека двојката ќе пушти изненадувачки албум на 4 април по повод годишнината. Тие дури посочија дека албумот може да биде вклучен во турнејата „Bey and Jay On the Run II“, која ќе започне на 6 јуни и ќе трае до 4 октомври со 48 концерти во Северна Америка и Европа.
Но, наместо тоа, Hollywood Reporter дозна дека двојката ја прославила својата годишнина, откако го резервирала целиот покрив на „NoMad Hotel“ во Лос Анџелес, кој всушност е новата жешка дестинација во градот.
Хотелот е познат по својата италијанска архитектура и базенот, инспириран од Медитеранот. Зградата располага и со отворен камин, позната како „Orcus Mouth“, сличен на отворениот во градините на Бомарцо во Италија.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток