БиХ од април преминува на Турски тек
Компанијата Енергоинвест до крајот на март ќе потпише нов договор со руски Гаспром за промена на трасата за испорака на гас до БиХ, изјави министерот за енергетика, рударство и индустрија на ФБиХ, Нермин Џиндиќ.
– Потписник на договорот со Гаспром од страна на БиХ е сараевската Енергоинвест. Пред Нова година, тие добија барање од руска компанија да потпишат анекс на договорот со кој се снабдувањето со гас се префрлува на Турски тек. Значи снабдувањето би одело преку Турција, Бугарија и Србија, наместо преку Украина, Унгарија и Србија, изјави Џиндиќ за „Аваз“.
Причините, како што објасни, се од техничка природа, односно желбата на Гаспром да избегне рута преку Украина.
– Баравме потпишувањето на анексот да биде продолжено за три месеци. Во текот на тие три месеци Енергоинвест треба да најде решение со Гаспром и да го потпише конечниот договор за оваа година. Тоа сè уште не е завршено и верувам дека работата ќе биде завршен до крајот на март, рече Џиндиќ.
Тој додаде дека ова треба да биде поповолна опција за БиХ.
Според него, договорите за транспорт на гас со Унгарија и Србија се продолжени до 2023 година.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска