Библиотеката во црквата во Лос Анџелес збогатена со две збирки

Библиотеката на македонската црква „Света Богородица“ во Лос Анџелес збогатена е со двете збирки „Фразеологијата на македонскиот говор во Дебар и Дебарско“.
Во двете посебни збирки „Фразеологијата на македонскиот говор во Дебар и Дебарско“ содржани се голем број поговорки, клетви, благослови, зборови и други фрази кои ги употребувале и се уште ги употребуваат Македонците во Дебар и Дебарско.
- Во збирките се опфатени голем број фразеологизми и други говорни форми од дебарскиот изворен говор. Дебарскиот дијалект е богат со изрази и го карактеризираат убавите форми на македонскиот говор од овој дел на Македонија, изјави авторот Филип Василевски.
Изданијата ги предаде новинарот во пензија од Дебар, Перо Тодороски кој посочи дека збирките побудиле интерес и кај други Македонци кои во мигот биле во црквата.
- Збирките му ги предадов на отец Ристо Ристовски, кој искажа голема благодарност. Не помалку радост искажа и Ружа, жената која се грижи за црковната библиотека. Инаку, таа е сестра на доајенот на македонската глума Нада Гешовска, која веднаш почна со читање, ни рече во телефонскиот разговор Тодоровски.
Ново на Сител
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
-

Заврши конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение која траеше 5 години
