Библиотеката во црквата во Лос Анџелес збогатена со две збирки

Библиотеката на македонската црква „Света Богородица“ во Лос Анџелес збогатена е со двете збирки „Фразеологијата на македонскиот говор во Дебар и Дебарско“.
Во двете посебни збирки „Фразеологијата на македонскиот говор во Дебар и Дебарско“ содржани се голем број поговорки, клетви, благослови, зборови и други фрази кои ги употребувале и се уште ги употребуваат Македонците во Дебар и Дебарско.
- Во збирките се опфатени голем број фразеологизми и други говорни форми од дебарскиот изворен говор. Дебарскиот дијалект е богат со изрази и го карактеризираат убавите форми на македонскиот говор од овој дел на Македонија, изјави авторот Филип Василевски.
Изданијата ги предаде новинарот во пензија од Дебар, Перо Тодороски кој посочи дека збирките побудиле интерес и кај други Македонци кои во мигот биле во црквата.
- Збирките му ги предадов на отец Ристо Ристовски, кој искажа голема благодарност. Не помалку радост искажа и Ружа, жената која се грижи за црковната библиотека. Инаку, таа е сестра на доајенот на македонската глума Нада Гешовска, која веднаш почна со читање, ни рече во телефонскиот разговор Тодоровски.
Ново на Сител
-

Делови од мотор го скршиле стаклото на авионот на „Рајанер“ во инцидентот кога беше повреден патник од СрбијаДелови од авионски мотор што најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авион на „Рајанер“ во инцидентот што се случи мина
-

Голем пожар крај Омиш: 36 лица повредени, 7 во животна опасност
-

Облачно со сончеви периоди, на места услови за краткотрајно невреме
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
