Македонија
4. January 2017 - 18:29

Без вода утре од ул.„Мирослав Крлежа“ до ул. „Аминта Трети“ во Центар

Корисниците на потегот од ул. „Мирослав Крлежа“ до ул. „Аминта Трети“ во општина Центар утре од осум часот ќе немаат вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по добиеното известување од ЈП  Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето е од технички причини - промена на затварач ф-80 на ул. „Орце Николов“ 101. Зафатот и прекинот беа најавени за денеска, но се одложуваат за утре, 5 јануари.

Корисниците од наведената локација ќе немаат вода до завршување на интервенцијата.