Македонија
14. December 2016 - 20:15

Без вода утре корисници на делови од општина Центар

Прекин во водоснабдувањето утре од осум часот ќе имаат корисниците од улиците „Васил Стефановски“, „Христо Смирненски“, „Петар Поп Арсов“, „Роза Луксембург“ и „9 Мај“ во општина Центар.

Прекинот ќе биде поради уличен дефект од Ф80 мм на ул. „Васил Стефановски“ 5 во Центар и ќе трае до отстранување на дефектот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено  од ЈП Водовод и канализација.