-->
-->
Без вода утре дел од општина Карпош
-->
Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците од булевар „Партизански одреди“, крак 1, 3,5,9 и 11, потегот од улицата „Московска“ до мостот „Обединети Нации“, улиците „Демир Трајко“, „Ванчо Мицков“, „Бриселска“, „Софиска“, „Стокхломска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“. Водоснабдувањето во АД „Реплек“ ќе биде со намален притисок.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на шпингла за затворач ф-350 мм во непосредна близина на мостот „Обединети Нации“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со работните активности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран