Македонија
17. October 2024 - 8:33

Без вода делови од Скопје

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улицата Лондонска бр.9 во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Лондонска од 09:00 часот до завршување.

Поради дефект во шахта (промена на вентил ф3/4“) на улицата Божидар Аџија бр.12 во Студентскиот Дом Пелагонија, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Божидар Аџија, Иван Козарев, дел од Георги Димитров, Киро Крстевски и дел од Вера Јоциќ од 09:00 часот до завршување во општина Кисела Вода.