Без проблеми се одвива гласањето во затворите и домовите

Гласањето веќе е завршено во Камбера и Мелбурн. Во Камбера на гласање излегле 38, во Мелбурн 57,5 отсто.
Податоците на ДИК покажуваат дека до 10 часот најголема излезност има во Прага 18,4 отсто, а најмала во Истанбул 3,5 проценти.
Отворени се гласачките кутии во Дипломатските претставништва, освен во САД и Канада, каде што тоа ќе се случи по македонско време, поради временската разлика.
Без проблеми се одвива гласањето во 13 Казнено Поправни Установи низ земјата, информираат од Државната изборна комисија.
Право на глас во затворите имаат 1640 гласачи. 3599 луѓе поднеле целосна документација и гласаат во своите домови поради лошата здравствена состојба.
Новина од овие избори е што за прв пат се гласа во два старечки домови. Таму право на глас има 71 лице.
Македонските граѓани кои живеат во странство можат да гласаат на 32 избирачки места.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
