Живот
9. July 2015 - 11:52

Бевте предупредени: Хомосексуланите бракови во Америка се само почеток

Ова сега не е крај. Не е дури ниту почеток на крајот. Но, е можеби крај на почетокот.

Ова го кажа Винстин Черчил во 1942 по бритаснската воена победа во Северна Африка, но може истото да се каже и за тесното гласање со 5 спрема 4 во Врховниот суд на САД, во врска со легализацијата на браковите меѓу лица од ист пол.

Тоа што се мнозинство фрла јаболко на раздорот пред религиозните луѓе, нивните цркви и институции, кажувајќи им дека можат да продолжат да проповедаат и учат дека хомосексулните бракови се погрешни, а речиси со сигурност тоа ќе биде оспорено од геј активистите и секуларистите чија цел е да ги изведат религиозните луѓе, а посебно христијаните, надвор на улица.

Она што може да се смета како вовед во настаните кои следуваат се случи кога Училишен одбор во областа Ферфакс во Вајоминг гласаше со 10 спрема 2 за дозвола на наставна програма „полова еднаквост“ за децата во седмо одделение. Медиумите известија дека толпата народ која се појави пред гласањето масовно се спротивстави на одлуката, но мнозинството изгледа веќе не е важно и одлучувачко.

Малцинствата секаде владеат, освен во Врховниот суд. Заради нивната политичка поврзаност и антипатијата кон доктрините на христијанството, некои геј активисти најверојатно ќе тргнат против статусот на иземање од плаќање даноци за христијанските колеџи, кои забрануваат кохабитација на невенчани студенти или оние кои се отворени хомосексуалци, како и против црквите кои одбиваат да ги венчаат.

Како и во правниот случај со сопствениците на слаткарници кои изјавија во медиумите дека одбиваат да прават торти за истополови свадби, така активистите кои бараат целосно прифаќање на нивната агенда ќе бараат да ги истуркаат од бизнисот и да ги замолчат сите оние кои мислат поинаку.

Ова ли е различност? Не, ова е насилна ортодоксност од поинаков вид, а оттука во спротивност со Уставот и специјалната заштита која Основачите (на нацијата) им ја дадоа на верниците. Токму Томас Џеферсон, верникот кој беше уредник на својата верзија на Библијата, рекол: „Ниту една придобивка во нашиот Устав не треба да биде поблиска до луѓето, отколку таа која ги штити правата на совеста против дејностите на јавните власти“.

Со одлуката на Врховниот суд се превртува историјата, традицијата и, да, библиското овластување кое тактилно е претставено на мозаиците на ѕидовите во Судот во чест на Мојсеј и другите креатори на законите, па пет неизбрани судии им се спротивставија на повеќе од 300 милиони Американци кои можеби се уште веруваат дека тоа е „срамно“.

Сето ова можеби се менува, но тоа треба да го решаваат политичките процеси, а не Судот, 

Во неговото силно изречено слово по одлуката за истополовите бракови, главниот врховен судија Џон Робертс, рече: „Судот не е законодавство“. Но сепак, претходниот ден Робертс делуваше како законодавец со повтората поддршка на Законот за здравствено осигурување (познат како Обамакер) и со неговата отстапка за овозможување на федерални субвенции за луѓето во државите кои не донеле правила за осигурителна размени, прекршувајќи го истиот тој закон. Робертс си зема за право да интерпретира нешто што е задача на Конгресот, наместо законот самиот да зборува за себе.

Модерните претседатели републиканци, почнувајќи од Двајт Ајзенхауер, оставија неславно наследство кога станува збор за нивните односи со Врховниот суд. Ајк го нарече неговото номинирање на Ерл Ворен, кој набрзо се свртел кон лево, како „најголемата глупава грешка која сум ја направил“.

Имало и неколку други номинанции за судии од републикански претседатели, кои изгегле дека се либерални волци во конзервативна кожа. Нивните имиња се дел од судската алеа на срамот: Блекмун, Бургер, Стивенс, О’Конор, Кенеди, Саутер и сега, барем на основа на неговата позиција за Обамакер, Робертс. Ова изгледа нема да тргне во обратен правец, имено либерал да стане конзервативец кога е на судското биро.

Го прашав републиканскиот претседателски канидиат Џеб Буш за оваа конфузна историја на ГОП (Големата стара партија = Републиканската партија) за време на неговата неодамнешна посета на Вашингтон, каде тој зборуваше на собир на конзервативците.

Буш рече дека ако биде избран за претседател, ќе спроведе обемни интервјуа со потенцијалните номинирани за Судот, за да овозможи тие да имаат конзервативен уставен став за законите. Тој рече дури и да нема „гаранции“, правдата мора да остане конзервативна.

Ако модерното време и политиката се поубедливи за некои судии отколку Уставот и намерите на основачите, тогаш правдата би требало да биде одговорна пред политикиот систем и пред нивните ограничени мандати.

Фокс њуз - Њујорк