Бесплатни ехо прегледи на тироидна жлезда во рамки на акцијата „Виолетов караван“ во Струмица

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица денеска доктори правеа бесплатни ехо прегледи на тироидна жлезда во рамки на акцијата „Виолетов караван“ на Здружението за борба против рак „Борка - за секој нов ден“.
Акцијата е во рамки на проектот за подигнување на свеста кај граѓаните за тироидните заболувања и тие да научат кои се симптомите и проблемите кои се јавуваат со нарушена работа на тироидната жлезда.
- Многу сме задоволни од интересот на струмичани. За тоа зборуваат и бројките. Од предвидени 100, направени беа 300 ехо прегледи. Нив ги правеа доктори од Институтот за патофизиологија и од Клиниката за ендокринологија од Скопје, изјави Кети Филчева од Струмица, член на Здружението „Борка - за секој нов ден“.
Сомнителните случаи по денешниот ехо преглед се препраќаат на понатамошно истражување, велат организаторите.
Со „Виолетовиот караван“, кој од Струга стигна во Струмица, ќе бидат опфатени и Велес, Куманово, Кичево, Тетово и Скопје.
Ново на Сител
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
-

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност
-

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт
-

Приведен е и вториот осомничен за фрлањето бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
-

Времето денеска променливо облачно со дожд
