Бесплатна школа по уметничко лизгање за деца од 6 до 14 години
Децата на возраст од 6 до 14 години ќе можат бесплатно да ги учат техниките по уметничко лизгање на бесплатната школа во периодот од 23 февруари до 22 март на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Активностите ќе се реализираат под раководство на професионалниот тренер по уметничко лизгање Ксенија Јашташењски Симиќ.
Родителите можат да ги пријават своите деца за учество во школата со испраќање мејл на електронскат
Мејлот треба да содржи име и презиме на детето - учесник, возраст, број на лизгалки, висина, тежина, и контакт-телефон. Доколку некоја од овие информации не биде вклучена во мејлот, кандидатот нема да биде земен предвид.
Селекцијата на пријавените учесници ќе ја врши стручен тим што ќе избере 35 деца кои ќе имаат можност два пати неделно да ја посетуваат школата. На избраните учесници ќе им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од еден месец, брендирана опрема и лизгалки.
Часовите во рамките на школата се оомислени да ги воведат децата во основите на уметничкото лизгање и да ги поттикнат нивните природни способности и афинитети што можеби понатаму ќе се развиваат и професионално. Сите деца што успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификати за учество кои ќе им бидат доделени на завршната претстава.
Бесплатната школа за уметничко лизгање е организирана во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на образованието, културата и на уметноста.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра