Бесплатен оброк за 1.810 ученици од прво до петто одделение во Кавадарци
Бесплатен оброк е обезбеден за 1.810 ученици од прво до петто одделение во Кавадарци, од страна на општинскиот буџет. За овој проект се обезбедени 19.5 милиони денари за тековната учебна година.
Директорот на Основното општинско училиште ,,Димката Ангелов - Габерот", Ѓорѓи Ѓорчев денеска потсети дека овој проект започна да се спроведува од крајот на минатата учебна година.
- Во нашето училиште, 245 ученици секојдневно добиваат здрав оброк, што е значајно за создавање на навики за здрав начин на исхрана од најмала возраст. Голема благодарност до локалната самоуправа и градоначалникот, истакна Ѓорчев.
Детската насмевка е непроценлива, нагласи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
- Проектот „Бесплатен оброк за секое дете’’, кој ги опфаќа учениците од прво до петто одделение во сите основни општински и подрачни училишта, успешно се имплементира и од почетокот на новата учебна година, кон што и се стремиме како Општина и се реализира, согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците. Менито е нутриционистички изготвено и вклучува разновидна храна, пијалак и овошје, додаде Јанчев.
Директорката на училиштето „Тоде Хаџи - Тефов", Марија Трајкова информира дека 392 ученика од оваа воспитно образовна установа се дел од проектот за бесплатен оброк на Општината.
- Менито е истакнато на влезната врата во училиштето. Ние како установа сме организирани за прием, времено чување на оброците и нивна распределба, додаде таа.
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот