Бесими: Годишната заштеда за осмата еврообврзница изнесува 12 милиони евра
Со репрограмирање на каматната стапка од 3,975 отсто за еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од 1,625 отсто за осмата еврообврзница, годишната заштеда по основ камата изнесува 12 милиони евра, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на својот Фејсбук.
– Денеска успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Денеска извршивме исплата на 500 милиони евра за еврообврзницата од 2014 година за која годишно плаќавме камата од 20 милиони евра, а со Еврообврзницата земена во март годинава каматата е осум милиони евра. Со репрограм на каматната стапка од 3,975 птсто за Еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од 1,625 отсто за осмата Еврообврзница годишната заштеда по основ камата изнесува 12 милиони евра, напиша Бесими.
Ова е исклучително важно, посочува Бесими во објавата, за да создадеме јасна слика во каква кондиција е буџетот и како ги менаџираме сите пророграми што се предвидени во време на криза. Тој потенцира дека со ребалансот се зголемува поддршката за справување со Ковид (здравство, социјално загрозени категории и стопанство) и се зголемуваат капиталните расходи.
Ново на Сител
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки