Бесент: Мислам дека Путин е воен злосторник, но со него треба да преговараме
Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави за време на своето годишно сведочење пред Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом на Конгресот дека го смета рускиот претседател Владимир Путин за воен злосторник, нагласувајќи ја потребата од преговори со сите страни во конфликтот.
На прашањето на конгресменот Хуан Варгас дали го смета Владимир Путин за воен злосторник, Бесент одговори кратко: „Да“.
Потоа, Варгас го прашал дали би преговарал со воен злосторник, на што американскиот министер одговори дека мисли дека тоа е „природата на дипломатијата кога мора да се преговара со двете страни“.
„Верувам дека преговорите беа неопходни и со Јапонците по Втората светска војна“, додаде Бесент.
Да потсетиме дека по неколкумесечни преговори, Украина и САД потпишаа договор за формирање на Фонд за обнова, што го потпишаа првата потпретседателка на украинската Влада, Јулија Свириденко, и американскиот министер за финансии, Скот Бесент.
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами