Берово и Делчево изработуваат локални акциски планови за инклузија на Ромите
Во Берово се одржува тридневна работилница на која општините Берово и Делчево изработуваат акциски планови од неколку области за Ромите за периодот 2017-2020. Регионалната работилница се одржува во рамките на проектот „Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцинства“.
Како што истакна Џулиета Мемедова од Општина Делчево, овој проект се спроведува во 12 општини во земјава, а целта е да се подобрат капацитетите на државната администрација, но и зајакнување и поддршка на процесите на локална интеграција и инклузија на Ромите, Ромите бегалци и внатрешно раселените лица.
- Членовите на групите денеска работат на развивање на претходно донесените акциски планови во областите домување, здавство, вработување, образование, како и за положбата на жената Ромка во овие две општини. Овие ЛАП ќе бидат усвоени од страна на советите на Општините, рече Мемедова.
Таа додаде дека локалните акциски планови во Делчево досега се реализирани во голема мерка.
- Ние сме потписници на Меморандумот за соработка со министерот на Владата задолжен за имплементација на Стратегијата на Ромите, така што претходниве 5 години, Делчево добива средства за реализација на голем дел на инфраструктурни проекти, посебно во реоните каде што живеат Ромите. Исто така, соработката со Министерството за труд и социјала и со образование, е на завидно ниво, така што се реализираат низа проекти за инклузија на децата Роми во образованиот систем, истакна Мемедова.
Фирдеска Зекирова од РИЦ од Берово потенцираше дека старите акциски планови во Берово се реализирани околу 70 проценти, посебно во делот на инфраструктурата.
- Ние имаме изработено предлог-верзии за овие акциски планови и сега со поддршка на експертите од оваа област ќе ги донесеме акциските планови до 2020 кои потоа ќе треба да бидат усвоени од Советот на општината. Овие документи потоа ќе бидат основа за реализација на низа проекти за кој ќе бараме средства од донатори, општините, минситерствата и слично, истакна Зекирова.
Изработката на акциските планови за овие две општини се спорведува со поддршка на EPTISA, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Ромски образовен фонд, а проектот се имплементира во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели