Бернс: САД поддржуваат темелна, брза и транспарентна истрага во сите случаи за тврдења на корупција
САД поддржуваат темелна, брза и транспарентна истрага во сите случаи каде што постојат тврдења за корупција и злоупотреба на функцијата. Исклучително е важно, во секој случај со вакви тврдења, тие поединци да бидат повикани на одговарост, а Владата да презема дејствија. Ги уважуваме и ги поздравуваме чекорите што ги презема Владата за ставање крај на корупцијата и во борбата против неказнивоста.
Ова во денешното интервју за телевизијата Алсат М, прво по нејзиното стапување на функцијата, го изјави американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс.
– Ние ќе продолжиме да го поттикнуваме премиерот Заев да бара одговорност од сите владини претставници и да гарантира дека без оглед на нивото на функцијата, луѓето треба да имаат доверба во владините институции и тоа што тие можат да сторат за нив, нагласува амбасадорката на САД.
Бернс истакнува дека САД ги следат актуелните случувањата и поддржуваат силно, независно обвинителство и оти е важно да се зачуваат капацитетите на Специјалното обвинителство.
– Тоа ќе им даде јасен сигнал на граѓаните на Северна Македонија и на меѓународната заедница дека Северна Македонија е целосно посветена на унапредување на владеењето на правото. Исто така, тоа е извонредно достигнување важно за процесот на пристапување во НАТО и во ЕУ, подвлече Бернс.
Истакнува дека ќе има три приоритети за време на нејзниот мандат.
– Ќе имам три приоритети. Првиот е да ја промовирам стабилноста преку силни институции и да продолжам да ги поддржува понатамошните напори на Владата за реформи и за зајакнување на владеење на правото. Вториот, ќе бидам посветена на поддршка на напредокот преку нашите програми за помош, како и преку партнерство со приватниот сектор. Третиот приоритет, секако, е зголемување на нашата заедничка безбедност преку соработка во областа на одбраната, вели Бернс.
Во однос на тоа во која фаза е усвојувањето на Протоколот во американскиот Сенат за членство на Северна Македонија во НАТО, Бернс вели дека САД силно го поддржуваат членството на Северна Македонија во НАТО.
– Календарот на Сенатот на САД можеби е малку непредвидлив, особено во овој период од годината, но се надеваме дека Сенатот на САД ќе продолжи со ратификацијата за НАТО ова лето или на почетокот на есента. Всушност, Северна Македонија се докажа како стабилен партнер во областа на безбедноста. Има колективна волја за поддршка на безбедноста во регионот и веќе покажува дека ќе биде силен сојузник во НАТО. Всушност, минатиот месец, Северна Македонија беше домаќин на вежбата „Одлучен удар“, што завршуваше кога јас дојдов. Оваа вежба е добар пример за тоа како вашата земја веќе придонесува за безбедноста на Алијансата. Тоа покажува дека нашите војници веќе работат заедно за да се справат со идните закани. И очекуваме дека и во иднина ќе има вакви слични вежби и активности како дел од нашата проширена соработка, рече Бернс.
На прашањето дали очекува да има политички дијалог меѓу политичките партии во земјата, вели дека САД ќе продолжат да бидат партнер во тие напори како и досега, и ќе бидат посветени на соработката со сите политички партии, лидерите и граѓаните во земјата за промовирање на позитивен и конструктивен политички дијалог.
– Северна Македонија веќе долго време е стратешки партнер. Веќе 25 години работиме да ги поддржиме аспирациите на Северна Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ како стабилна, прогресивна и инклузивна демократија. И како и во секоја демократија апсолутно е критично за политичките лидери да ги поддржуваат реформите што граѓаните ги сакаат. Го очекуваме помошникот државен секретар Филип Рикер да дојде во регионот оваа недела, ќе биде во Северна Македонија кон крајот на неделата, ќе се сретне со луѓе од политичкиот спектар, како и со граѓаните и ќе ги слушне нивните мислења, посочи амбасадорката на САД во интервјуто за Алсат М.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово