Белгија: Спасувачка мисија во Северното Море во потрага по мигранти
Спасувачка мисија во белгискиот дел на Северното Море се одвива од рано изутринава кога потона брод кој пренесувал десетина мигранти.
Полицијата утрово пронашла човек околу три часот утрово во градот Ла Пан на границата со Франција кој ги информирал властите дека тринаесет други лица се наоѓаат во морето откако бродот со кој патувале потонал, пренесуваат медиумите.
Полицискиот хеликоптер не можел да биде употребен во мисијата поради лошите временски услови и маглата, но спасувачките тимови успеале да го лоцираат бродот во водата.
Локалните власти од градот Ла Пан информираа дека спасувачките тимови успеале да ги извлечат сите лица од водата, но неизвесно е за сега во каква состојба се наоѓаат. Градоначалникот изјави дека најверојатно станува збор за баратели на азил.
Мигрантите и бегалците преку Франција и Белгија се обидуваат да стигнат до Велика Британија, најчесто тие се кријат во камиони кои ја преминуваат границата, но неретко користат мали бродови и чамци.
Според властите пронајдени се сите лица од групата, но не е исклучено да има и други групи кои моментално се обидуваат да стигнат до Англија. Британската полиција соопшти дека се соочува со зголемен бран на бегалци последниве недели, наводно поради тоа што шверцерите ги алармирале мигрантите дека после Брегзит ќе биде потешко да се стигне до Англија.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен