Белгија ќе ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ за лица над 55-годишна возраст
елгиските медиуми јавуваат дека белгиските власти се подготвуваат да дадат зелено светло за вакцината „АстраЗенека“ за лица над 55-годишна возраст.
Новинарите од приватна телевизија ВТМ имале увид во документот на Високиот здравствен совет на Белгија и обелоденуваат дека тој се подготвува да даде зелено светло и покрај начелната забрана.
Вакцината на „АстраЗенека“ до неодамна се сметаше за опасна за лицата над 55-годишна возраст, но според последните резултати од вакцинацијата во Обединетото Кралство и Израел, таа сепак се покажала безбедна за сите возрасни групи.
Медиумот обелоденува и дека Советот ќе им препорача на властите во Белгија да дадат поголем рок помеѓу првата и втората доза на вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“, но препорачуваат дека втората доза ја зголемува безбедноста на вакцинираните лица. За сега граѓаните чекаат помеѓу три и четири недели помеѓу двете дози, но експертите оцениле дека може да се чека и до шест недели.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка