Белата куќа го објави економскиот план на Администрацијата на Бајден

Белата куќа денеска објави детали за економскиот план на Администрацијата на Џо Бајден и Камала Харис. Во изјавата се вели дека историските успеси во законодавната сфера и акциите направени од Администрацијата даваат резултати со одржливо заживување на американската економија.
Од Белата куќа изјавија дека првите две години од претседателството на Џо Бајден се „едни од најпродуктивните во американската историја, и… сите тие успеси се дел од единствениот економски опит на актуелниот претседател“. Со додава дека Бајден и демократите во Конгресот го усвоиле најобемниот пакет мерки за обнова на економијата од времето на претседателот Рузвелт и ги реализирале најзначајните инвестиции во инфраструктурата од времето на претседателот Ајзенхауер.
-Претседателот Бајден, потпретседателката Харис и демократите во Конгресот го убрзаа најсилното и најправедното заживување на економијата и пазарот на трудот во современата историја, иако во наследство добија економска криза која се случи како резултат на пандемијата, се вели во соопштението.
-Но претстои уште многу работа… Администрацијата заложи основа за да се започне со решавање на повеќегодишните економски проблеми и создавање на економија која функционира во интересите на работниот народ.
Покрај тоа, оваа Администрација се пофали со успеси во намалување на трошоците за американските семејства и инвестици во производство на еколошки чиста енергија. Економијата се очекува да биде темата на уште еден предизборен митинг на Бајден што денеска треба да се оддржи во Охајо, каде тој ќе учествува во удирање камен темелник за производствен погон на компанијата „Интел“, кој се реализира благодарејќи на донесување на законот за чипови.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
