Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат билатерални разговори, а не неформална средба
Средбата на претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин на маргините на Самитот на Г-20 во Хамбург в петок, нема да биде неформална, туку тоа ќе бидат први билатерални разговори меѓу првите луѓе на двете земји, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на официјалното толкување на Белата куќа.
Тоа ќе биде не само прва директна средба лице в лице на двајцата претседатели, туку и прва американско-руска средба на највисоко ниво по безмалку две години.
Разгворите Трамп-Путин се одржуваат и покрај постоечките тензии во односите меѓу Вашигтон и Москва, околу обвинувањата за руско мешање во претседателските избори во САД минатата година, руската анексија на делови од територијата на Украина и поддршката на Москва на сирискиот режим.
Во толкувањето на Белата куќа, на кое се повикува американската телевизија, се вели дека една од целите на ваквата средба е да му се покаже на светот дека САД и Русија се подгитвени за подобрување на своите односи.
Во септември 2015 година на Самит на Г-20, тогашниот американски претседател Барак Обама и Путин имаа само неформална средба.
Вашингтон смета дека доколку и годинава во Германија средбата би имала еден таков карактер, тоа би значело само „продолжување на замрзнатите односи“„ меѓу двете земји, како во времето на Администрацијата на Обама, посебно во нејзините последни години од вториот мандат.
Портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Мајкл Антон изјави дека засега нема посебно подготвен дневен ред за разговорите меѓу Трамп и Путин.
Антон само го потврди претходно даденото објаснување на советникот за национална безбедност на Трамп, Х.Р. Мекмастер дека „нема да се подготви некаква специјална агенда“.
- На средбата ќе се зборува за се она за што претседателот (Трамп) сака да се зборува, рече Мекмастер.
Претпоставка е дека ситуацијата во Украина и случувањата во Сирија, ќе бидат тема на разговорите, но Трамп најверојатно нема да го покрена прашањето за наводното руско мешање во изборната кампања за минатогодишните избори во САД, како што тоа го бараат демократите, но и низа угледни републиканци.
Откако Доналд Трамп е во Белата куќа, тој и рускиот претседател има три телефонски разговори.
Во текот на својата изборна кампања, Трамп најавуваше подобрување на американско-руските односи и го фалеше Путин како вистински лидер, но официјална Москва минатата недела соопшти дека односите со Вашингтон со новиот претседател „не се ниту подобри, а ниту полоши“ од отколку во времето на Барак Обама.
Ново на Сител
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност
-
По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено