Бела куќа: Бајден му остава на Сенатот да одлучи за Трамп
– Американскиот претседател Џо Бајден ќе остави одлука да донесе Сенатот за тоа како да продолжи судењето на поранешниот претседател Доналд Трамп. Тоа го нагласи портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
– Убедени сме дека … Сенатот … може да ја исполни својата уставна должност додека истовремено работи и за американскиот народ, изјави Псаки на брифинг во Белата куќа.
– Претседателот (Бајден) на нив ќе им ги остави механизмите, временската рамка и другите детали за тоа како Конгресот ќе продолжи со процесот на повлекување, додаде таа.
Демократот Бајден положи заклетва како 46-ти претседател на САД вчера, една недела откако Долниот дом на Конгресот гласаше за второто отповикување на Трамп, обвинувајќи го за поттикнување бунт и смртоносен напад на Капитол на 6 јануари.
Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси се уште не испратила текст за отповикување до Сенатот, а според правилата на Сенатот, судењето на поранешниот претседател ќе почне ден по приемот на одлуката. Бајден претходно ги повика сенаторите да не дозволат судењето на Трамп да ги забави преостанатите активности во првите денови од неговиот мандат, како што се гласање за неговата администрација и донесување закони.
Ново на Сител
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре