Бектеши: Досега над 19.000 компании поднесоа барања за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај
Над 19.000 компании досега поднесоа барања до Управата за јавни приходи за мерката за исплата на финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај во износ до 14.500 денари месечно по вработен, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Во изминатите два месеца како резултат на негативните последици кои ги предизвика коронавирусот КОВИД-19 врз економијата, Владата донесе низа мерки за поддршка на најпогодените компании, но и за најзагрозените граѓани. Дека мерките се фокусирани да ги дадат најдобрите резултати врз економијата покажува и големиот интерес на компаниите и граѓаните за нивното користење. Радува што заклучно со денеска над 19.000 компании поднеле барања за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај во износ до 14.500 денари месечно по вработен, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.
Аплицирањето за оваа мерка, како што кажа, започна на 1 мај, а крајниот рок истекува утре на 7 мај во 24 часот.
Тој ги повика компаниите до утре до 24 часот да аплицираат за мерката за поддршка на платите за април и мај и истакна дека се очекува да аплицираат голем број од компаниите кои ги исполнуваат условите.
-Со оваа мерка се овозможува континуитет на работните процеси и се обезбедува основа за редовна исплата на плати и придонеси при што се создаваат сериозни услови за да се зачуваат работните места, потенцира Бектеши.
Ново на Сител
-
Француз почина откако се препил вода
-
Повеќето земји во Европа воведуваат или го продолжуваат затворањето
-
Лесна победа на Еурофарм Пелистер над Татран Прешов
-
Пораст на бројот на заразени од коронавирус во регионот, најтешка состојбата во Унгарија
-
Италија ги заостри мерките во пет од дваесет региони
-
Зоран Заев единствен кандидат за нов претседател на СДСМ на внатрепартиските избори на 21 март
-
СДСМ: Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, над 80.000 членови ќе можат да гласаат на првите внатрепартиски избори
-
Побаран притвор за две лица кои фрлаа предмети и камења кон полицајците на протестот за „Монструм“