Бејли: Време на надеж за Македонија
Денес е време на надеж за Македонија. Граѓаните се со право фокусирани на формалните врски што ја поврзуваат Македонија со нејзините соседи со Европа, со САД, НАТО, ЕУ, Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија. Постигнат е значаен прогрес минатата година и во очекување сме на добри вести од НАТО Самитот следната недела.
Ова го истакна американсиот амбасадор Џес Бејли во своето обраќање на прославата по повод одблежувањето на 4 јули Денот на независноста на САД, која се одржа денеска во просторот на Американската амбасада.
Во својот говор во присуство на премиерот Зоран Заев, повеќе вицепремиери и министри во Владата, пратеници, лидери на политички партии од власта и од опозицијата, на претставници од институции од невладиниот сектор и од дипломатскиот кор тој се осврна и на вредностите кои ги поврзуваат двете земји.
- Народите на нашите две земји ја делат желбата за успех затоа што напорно работат без оглед кои се нашите семејства и кого го познаваме. Сакаме нашите закони да создадат еднаков амбиент за сите и сакаме нашите деца и внуци да го уживаат животот полн со можности, слобода и мир, порача амбасадорот Бејли.
Одбележувањето на 242 годишнината на независноста на САД помина во знакот на џинсот како автентичен американски производ и бренд кој опстојува од 19 век.
Традиционално прославата беше завршена со огномет.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик