Бегај ја потпиша уредбата за новите министри, попладнево седница на албанскиот Парламент
Албанскиот претседател Бајрам Бегај потпиша уредба за новите министри во владата на премиерот Еди Рама.
-Претседателот неколку часа по доставените предлози од страна на премиерот Еди Рама, ја потпиша уредбата а веднаш е закажана и итна седница на парламентот за денеска во 18 часот, објавија медиумите.
Парламентот ќе ја избере новата претседателка на Парламентот Елиса Спиропали, досегашна државна министерка за односи со парламентот.
Пратениците треба да ги изгласаат и новите министри за внатрешни работи Ервин Хоџа, за одбрана Пиро Венгу, за финансии Петрит Малај и Таулант Бала кој од прв полицаец сега ќе биде државен министер за односи со парламентот.
Имајќи го во предвид бројот на пратениците од владејачкото мнозинство, гласањето ќе биде само формално, по што новоизбраниот министри ќе дадат заклетва пред Бегај.
Ново на Сител
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година