БЕГ: Станарите и куќните совети да ги обезбедат потребните услови за почеток на грејната сезона
Станарите да ја проверат внатрешната инсталација, а куќните совети и управителите на згради да овозможат непречен пристап на службените лица до потстаниците за да може грејната сезона да започне навремено, апелира компанијата „Балкан Енерџи груп“ задолжена за парно греење.
Оттаму истакнуваат дека согласно законските прописи грејната сезона може да почне секој ден почнувајќи од денеска доколку временските услови тоа го наложуваат и оти се извршени редовните проверки на подстаниците.
- За да може грејната сезона насекаде да стартува навремено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите кај внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Истовремено, заедниците на станари или управителите на зградите треба да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), се вели во денешното соопштение од БЕГ.
Компанијата информира дека во претходниот период испратени се писма до сите заедници на станари, односно до фирмите кои управуваат со станбените единици, за нивните обврски за непречен почеток на грејната сезона, но оти во околу 200 објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, поточно има дефекти во внатрешната инсталација, оневозможен е пристап на екипите до топлинските станици или нема електрична енергија во потстаниците.
За информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02/3076-200, а подетални информации за моментално затворени објекти може да се најдат на веб страната http://beg-snabduvanje.com.mk
Ново на Сител
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик