Бебето пронајдено во Велес било дехидрирано, неухрането и со исушена кожа

Подобрена е состојбата на бебето кое беше најдено во центарот на Велес и се наоѓа во велешката Болница. Се работи за седуммесечно машко бебе, кое вчера попладне беше пронајдено од случаен минувач во центарот на Велес.
Марина Андова, портпарол на Општата болница Велес, во изјава за МИА рече дека подобрената здравствена состојба се должи на брзата реанимација и соодветната терапија што ја препишал тимот на лекари на Одделот за педијатрија во велешката Општа болница, под раководство на доктор Дончо Дервишов.
- Тоа во болницата било донесено неухрането, со мала телесна тежина од само 4,6 килограми, дехидрирано со исушена кожа и целосно, во многу лоша здравствена состојба. Веднаш било ставно на апарати за дехидрација и му биле извршени сите здравствени прегледи и потоа му била дадена соодветна терапија. Медицинскиот тим во Одделот за педијатрија буквално цела ноќ и денес бдеел над него, се додека не е подобрена неговата здравствена состојба. Тие и понатаму будно ја следат неговата состојба, а доенчето и понатаму ја прима пропишаната терапија до негово целосно закрепнување, информира Андова.
Од полицијата најавија дека преземаат мерки за расчистување на случајот. Со младата мајка треба да работат службите од Центарот за социјална работа, патронажните служби и полицијата.
Како што претходно информираше Секторот за внатрешни работи - Велес, синоќа во 17:40 часот било пријавено дека од страна на случаен минувач во болницата било донесено бебе оставено во центарот на градот.
- Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување. Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20 -годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но потоа ја напуштила болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
