Свет
21. January 2016 - 16:48

Баварските партнери на Меркел бараат запирање на бегалскиот прилив

Германија мора да ги контролира своите граници за да се запре бранот на бегалци, доколку Европската унија не е во можност да ги заштити своите надворешни граници, изјави лидерот на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ),  Хорст Зехофер.

- Доколку работите продолжат како до сега ќе имаме повеќе бегалци оваа година од минатата, изјави Зехофер, чија ЦСУ е сестринска партија на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и најмал партнер во федералната коалициска влада.

Како што јави дооисникот на МИА од Берлин, Зехофер е уверен дека доколку по бегалците дојдат и нивните семејства, во Германија би пристигнале вкупно најмалку три милиони бегалци. 

- Во тој случај Германија ќе стане поинаква држава. А луѓето не сакаат Германија или Баварија да станат поинакви држави, изјави Зехофер чија партија функционира само во покраината Баварија.