Кошарка
3. January 2020 - 16:17

Басконија ја изненади Барселона, Спанулис стана рекордер во Евролигата

Шпанското дерби од 17.коло во кошаркарската Евролига донесе големо изненадување. Екипата на Басконија со 76-74 ја победи фаворизираната Барселона. За баскискиот клуб кој се наоѓа дури на 12 место на табелата, ова беше само седма победа сезонава, додека која е трето рангирана го претрпе четвртиот пораз. 
 
Победи пред својата публика остварија и Црвена Звезда која во Белград славеше со убедливи 30 поени разлика, подносно 93-63 во дуелот со минхенски Баерн, како и Жалгирис кој во Каунас му нанесе пораз со 73-68 на Макаби Тел Авив. 
 
Честа на гостите ја спаси Фенербахче кој предводен од Нандо ДеКоло и неговите 32 поени во Атина го победи Олимпијакос со 96-87. 
Домашниот кошаркар Василис Спанулис кој средбата ја заврши со 14 постигнати поени стана најдобриот поентер во историјата на Евролигата. Спанулис кој сега има вкупно 4,157 постигнати поени за пет го мина на врвот на листата шпанскиот ас Хуан Карлос Наваро. 
 
Денеска на програмата се преостанатите пет натпревари од 17-тото коло, a двојките се:
 
ЦСКА МОСКВА - ПАНАТИНАИКОС
АНАДОЛУ ЕФЕС - ХИМКИ М.
ЛИОН ВИЛЕРБАН - РЕАЛ МАДРИД
ОЛИМПИЈА МИЛАНО - ЗЕНИТ
 ВАЛЕНСИЈА - АЛБА БЕРЛИН