-->
-->
Барселона тужи новинар за расистички навреди кон Фати
-->
Барселона ќе го тужи шпанското издание „АБЦ“ и новинарот Салвадор Сострес, пишува „Мундо Депортиво“. Причина за скандалот беше колумната на Сострес за натпреварот помеѓу Барселона и Ференцварош (5:1) во Лигата на шампионите.
– Има нешто во стилот на трчање на Ансу што изгледа како газела или млад црн мантеро (шпански збор за уличен продавач на нелегална стока), напиша Сострес.
Соиграчот на Фати, Антоан Гризман, беше еден од многуте кои вднаш реагираа.
– Ансу е исклучителен млад човек кој заслужува иста почит како и секое човечко суштество. Не за расизам и не за лошо однесување, порача Гризман.
„АБЦ“ побрза да пушти извинување од Сострес.
– Мојата намера беше да ја пофалам убавината на движењето на Ансу и неговиот талент како многу млад играч. Некои изрази беа сфатени како расистички навреди. Јас длабоко се извинувам за недоразбирањето и се извинувам ако некој се чувствувал навреден, напишал новинарот.
Фати е роден во Гвинеја-Бисао и имигрирал со своето семејство во Шпанија кога имал шест години. Сега има 17 години и тој е еден од најперспективните играчи на Барселона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден