Барселона: Собир на поддржувачите на разрешеното каталонското раководство

Илјадници луѓе се собраа денеска во Барселона пред зградата на регионалната Влада на Каталонија за да им дадат поддршка на разрешените каталонски функционери, кои беа сослушани пред Врховниот суд во Мадрид.
Разрешените функционери беа испрашувани како дел од истрагата за можен бунт за прогласување независност на регионот од Шпанија.
На собирот во Барселона, поддржувачите на Пуџдемон и неговите министри, носеа каталонски знамиња, аплаудираа и извикуваа слогани за независност на Каталонија.
Дваесет регионални политичари, вклучувајќи го и шефот на регионалната влада Карлес Пуџдемон денеска беа повикани да се појават на Суд.
Главниот обвинител побара против нив да бидат покренати обвиненија за бунт, противдржавна дејност и злоупотреба на државни средства по прогласувањето независност на регионот на 27 октомври.
Ново на Сител
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
